Пишување на политиката

Процесот на пишување на политиката за слободен софтвер е замислен да биде целосно отворен.

Иако во рамките на проектот постои работна група составена однапред од претпоставени заинтересирани страни, но секој што сака да придонесе во составувањето на документот е добредојден и на средбите во живо и на дискусијата на интернет.

Ова место заедно со поштенската листа и форумот се главните точки за дискусијата на интернет. Сепак, ако знаете за некое мислење или дискусија што се случува на друг медиум или локација известете нѐ за да можеме да ја следиме дебатата.

Циклусот на пишување ќе ја следи филозофијата „Release Early, Release Often“. На ова место ќе се трудиме да ги објавиме и најраните скици на политиката.