Sunday, June 6, 2010

Извештај од првата работна средба за националната политка за слободен софтвер

Првата средба се одржа на 03.06.2010 во просториите на НВО центарот во Младинскиот културен центар во Скопје.

Присутни беа 23 лица од кои четворица од Слободен софтвер Македонија.

Покани за оваа тркалезна маса беа испратени до околу 100 институции, организации, компании и стручни лица. Меѓу нив, покани беа испратени до повеќето универзитети во Републиката:
• Универзитет „Св. Кирил и Методија“ – Скопје
• Универзитет„Св.Климент Охридски“ - Битола
• Факултет за информатика – Штип
• Факултет за информатика – Охрид
• ЈЕИ Универзитет - Скопје
• Европски универзитет - Скопје
• Фон универзитет - Скопје
• Универзитет Њу Јорк – Скопје
• Универзитет „Американ Колеџ“ – Скопје

Од сите нив, претставици дојдоа од ПМФ - проф. д-р Маргита Кон Поповска, која за понатамошна работа го препорача Вангел Ајановски од нејзиниот институт, проф. д-р Таџедин Селими од ЈИЕ Универзитетот кој исто така најави дека од оваа образовна институција ќе препорача други лица и проф. д-р Татјана А. Пачемска од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Бизнис секторот беше претставен преку г-дин Ванчо Орданоски од ИКТ комора, г-дин Сашо Андријески од Инет и г-дин Климент Симончев од Генреп кој присуствуваше на препорка на г-дин Петар Николоски од USAID.

Од Министерството за информатичко општество присутни беа г-ца Марија Николоска и г-дин Ајет Ибраимоски, а од Министерството за образование и наука г-дин Горан Стојановски.

Од медиумите единствено г-дин Виктор Арсовски од ИТ.ком.мк.

Фото: it.com.mk (flickr)

Невладиониот / непрофитниот сектор имаше најмногу претставници и тоа: г-дин Дарко Дуковски од UNDP, г-дин Дарко Булдиоски од Центар за нови медиуми, г-ца. Ана Марија Нешиќ од USAID - Проект за е-влада која што прусуствуваше по препорака на г-ца Елена Стаматоска од истата институција, потоа г-ца Василка Димитровска и г-дин Димче Гроздановски од Викимедија - Македонија, г-дин Александар Арсовски од ЗЕЛС, г-дин Владимир Лазовски од Отворете ги прозорците и г-дин Филип Стојановски од Фондација Метаморфозис.

Забелешките од работната група ќе бидат објавени во следните неколку денови.

No comments:

Post a Comment