Showing posts with label rms. Show all posts
Showing posts with label rms. Show all posts

Monday, June 7, 2010

Реакции по предавањето на Ричард Сталман во Скопје

Предавањето на Ричард Сталман во Скопје се одржа во преполнета сала во Холидеј-ин. Но дебатата не се одвиваше само за време на предвидените три часа колку што траеше настанот заедно со сесијата за прашања. Повеќе прашања беа брзо префлени на интернет.

RMS во Скопје
Фото: Гоце Митевски

Прилично активен беше твитер тагот #rmsmk, а со свое видување на предавањето и пораките од него се јави и еден од уредниците на it.com.mk. Текстот привлече дискусија со бројни коментари.

Додека го очекуваме видеото од предавањето, дел од фотографиите од настанот се достапни на следните интернет галерии:
Гоце Митевски
Центар за нови медиуми
Билјана Кочоска

Во своето саботно издание и дневниот весник Нова Македонија го резимираше предавањето во текст насловен „Инспиративно предавање на Ричард Сталман во Скопје“.

Thursday, June 3, 2010

Предавање на Ричард Сталман

Слободен софтвер Македонија ве поканува на предавањето на Ричард Сталман на темата „Copyright vs Community in the age of computer networks“. Предавањето ќе се одржи на 3 јуни (четврток), во 18:00 часот, во салата „Милениум 2“ на Holiday Inn Скопје. Влезот е слободен.

Copyright vs Community

Авторските права се зачнати во ерата на печатарската машина, и биле дизајнирани да одговараат на системот на централизирано копирање наметнато од самата технологија на печатење. Но режимот на авторски права воопшто не одговара со компјутерските мрежи, и само драконски казни можат да го спроведат.

Глобалните корпорации кои профитираат од авторските права лобираат за драконски казни, и за зголемување на нивната моќ и потиснување на јавниот пристап до технологијата. Но ако сериозно сакаме да ја почитуваме единствената легитимна цел на авторските права, а тоа е да се промовира напредокот, тогаш за доброто на јавноста мораме да направиме промени во спротивната насока.

http://slobodensoftver.org.mk/rms/